Во Турција продолжува да опаѓа бројот на починати и новозаразени од Ковид-19, а досега оздравеа и 63.151 лице

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на Твитер напиша: „Од 11 март досега за прв пат денеска бројот на оздравените пациенти е поголем од бројот на моментално заболени пациенти. Со придржување кон мерките резултатите ќе бидат уште подобри.“

1409898
Во Турција продолжува да опаѓа бројот на починати и новозаразени од Ковид-19, а досега оздравеа и 63.151 лице

Продолжува да се намалува бројот на смртните случаи и на случаите на новозаразени во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Бројот на починатите од Ковид-19 во изминатите 24 часа изнесува 61 лице со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 3.397 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 24.001 тест од кои се дијагностицирани 1.670 новозаразени.

Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот во земјата изнесува 126.045 лица.

Заедно со уште 4.892 излекувани и отпуштени лица од болница, вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 63.151 лице.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со добиените позитивни резултати во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата го напиша следното: „Од 11 март досега за прв пат денеска бројот на оздравените пациенти е поголем од бројот на моментално заболени пациенти. Со придржување кон мерките резултатите ќе бидат уште подобри.“

 



Слични вести