Утре ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет

Со планот кој што ќе се состои од 4 етапи се предвидува постепено олабавување на мерките без да се предизвика ризик за јавното здравје

1409884
Утре ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет

Утре под претседателство на претсдетаелот Реџеп Тајип Ердоган ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет.

Мапата на планот за нормализација ќе биде најзначајна точка на дневниот ред на утрешниот состанок што ќе се одржи преку видео конференција во дворецот Хубер во Истанбул.

Со планот кој што ќе се состои од 4 етапи се предвидува постепено олабавување на мерките без да се предизвика ризик за јавното здравје.

Според планот, овој месец се планира да биде етапа на подготовки.

Со празникот Рамазан бајрам се предвидува да се премине кон втората етапа на планот. Ќе се фрлат одредени чекори во образованието, транспортот и туризмот.

Образованието во училиштата се предвидува постепен да започне на 1 јуни.

Во овој период се планира да се отвори транспортот меѓу градовите и со активностите да зпаочнат туристичките центри чија цел ќе биде домашниот туризам.

Во случај да не дојде до некој застој во втората етапа, се планира да се премине кон третата етапа која ќе започне во септември кога се предвидува да започне образованието. Во тие рамки ќе бидат фрлени конкретни чекори, а исто така се предвудува да се интензивираат акивностите за откривање на вакцината против коронавирусот.

На почетокот на идната година се предвидува да се премине кон четвратата и последна етапа на планот. Имено во овој период, кога епидемијата целосно ќе се оконча, животото ќе се врати кон нормлата.



Слични вести