Калин: Турција ќе продолжи да ја зајакнува својата здравствена инфраструктура

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција која даде добар испит во процесот на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе продолжи уште повеќе да ја зајакнува својата силна здравствена инфраструктура

1409860
Калин: Турција ќе продолжи да ја зајакнува својата здравствена инфраструктура

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин беше гостин во програмата во живо на еден приватен телевизиски канал кадешто даде значајни изјави.

Калин истакна дека Турција која даде добар испит во процесот на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе продолжи уште повеќе да ја зајакнува својата силна здравствена инфраструктура.

Нагласувајќи дека по епидемијата меѓународниот поредок ќе помине низ коренити промени во бројни сфери, Ибрахим Калин рече: „Знаеме дека се преиспитува легитимноста на меѓународните институции и организации. Европската унија (ЕУ) поради одговорите кои ги даде или не можеше да ги даде во оваа епидемија се наоѓа под сериозни критики. Светската здравствена организација (СЗО) колку ефикасна улога одигра во овој процес, и тоа е едно од прашањата коишто се преиспитуваат. Исламската организација за соработката (ИОС) на ист начин се преиспитува, бидејќи не можеше да презентира доволно силно лидерство.“

Ибрахим Калин укажа дека Турција со реализираните инвестирања во здравствената инфраструктура покажа колку е подготвена против епидемијата.

„Видовме што станаа земјите чија економија и армии се посилни и поголеми од нас. Ние по овој повод искористувајќи ги најдобро можностите со коишто располагаме, покажавме што би можеле да направиме. За понатаму Турција ќе продолжи уште повеќе да ја зајакнува својата силна инфраструктура во сфери како што се земјоделството, храната, биобезбедноста, сајбер безбедноста. На тој начин, тогаш кога ќе дојде до елементарна непогода и епидемија или ќе стане збор за доставување помош на други земји Турција повторно ќе продолжи да стои цврсто исправена на нозе.“ - рече портпаролот во  претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести