Вториот карго авион на Турција со медицинска помош за борба против Ковид-19 пристигна во САД

Воениот карго авион од типот „C-130“ кој по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше натоварен со материјали за медицинска помош за САД, синоќа во 23:20 по турско време слета во воздухопловната база Ендрјус во близина на Вашингтон

1409123
Вториот карго авион на Турција со медицинска помош за борба против Ковид-19 пристигна во САД

Вториот воен карго авион на Турција натоварен со медицинска помош наменета за Соединетите Американски Држави (САД) за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пристигна во главниот град Вашингтон.

Воениот карго авион од типот „C-130“ на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кој по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше натоварен со материјали за медицинска помош за САД, синоќа во 23:20 по турско време (16.20 по локално време) слета во воздухопловната база Ендрјус во близина на Вашингтон.

На карго пратките со логото на претседателството на Турција, на турски и англиски јазик беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија (13. век) Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку ли бројни надежи има по безнадежноста. Колку ли бројни сонца има по темнината.“

Исто како и во првиот воен карго авион кој беше испратен во вторникот и во овие пратеки испратени со вториот авион се наоѓаа превентивни здравствени материјали за заштита од коронавирусот како хируршки маски, заштитна облека, средства за дезинфекција, штитници за лице и заштитни научари. 

Турција, во рамките на борбата против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус досега им достави материјали за медицинска помош уште на 55 други земји во светот.

 



Слични вести