Турската крајбрежна стража спаси 14 мигранти турнати назад од страна на грчката крајбрежна стража

Турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на населеното место Чешме кај Измир спаси 14 нерегуларни мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон територијалните води на Турција

1409355
Турската крајбрежна стража спаси 14 мигранти турнати назад од страна на грчката крајбрежна стража

Во Егејското Море во близина на познатото одморалиште населеното место Чешме кај градот Измир се спасени 14 нерегуларни мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража беа турнати назад кон турските територијални води.

Во објавеното писмено соопштение од Командата на крајбрежната стража на Турција се истакнува дека на островот Богаз кај Чешме била утврдена група нерегуларни мигранти чиј чамец бил одземен од страна на припадниците на грчката крајбрежна стража и кои биле турнати назад кон турските територијални води.

На местото на настанот биле испратени 3 чамци и еден тим за безбедност за нуркање и пребарување и спасување со што од страна на турската крајбрежна стража биле спасени 14 нерегуларни мигранти од кои 3 деца, а меѓу кои имало 10 ои 4 Сиријци.

Сопасените мигранти по законските постапки беа предадени на Дирекцијата за миграција во Измир.



Слични вести