Тројца терористи на ПЈД/ЈПГ од Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тројца терористи на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, им се предадоа на турските безбендосни сили

1409469
Тројца терористи на ПЈД/ЈПГ од Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили

Со заеднички активности за убедување водени од страна на Генералната дирекција на полицијата и Националната разузнавачка служба (МИТ), се предадоа тројца терористи на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според бјавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, продолжува процесот на предавање на терористите од редовите на сепаратистичко-терористичката организација пат на убедување.

Во тие рамки, тројца терористи на ПЈД/ЈПГ Г.Д., Е.Ј. и Н.М. денеска им се предадоа на турските безбедносни сили.

Утврдено е дека терористот Г.Д. се пристапил кон руралното структуирање на сепаратистичко-терористичката организација во 2011 година, додека терористот Е.Ј. се приклучил во 2014 година.

На тој начин, бројот на терористите на сепаратистичко-терористичката организација кои се предадоа на турските безбедносни сили од 1 јануари досега се зголеми на 75. 

Тројцата терористи на ПКК/ЈПГ кои избегаа од северниот дел на Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили во пограничната станица во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин.

Во меѓувреме, се неутрализирани двајца терористи на ПКК/КЏК и во реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во областа Гара во северниот дел на Ирак.



Слични вести