Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 84 лица, има 2.188 новозаразени, а оздравеа 4.922 пациенти

Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа изнесува 84 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 3.258 лица, а со уште 4.922 излекувани бројот на оздравените се искачи на вкупно 53.808 лица

1409076
Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 84 лица, има 2.188 новозаразени, а оздравеа 4.922 пациенти

Турција продолжува да бележи успех во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што со секој поминат ден продолжува да се намалува бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од болеста.

Бројот на починатите од Ковид-19 во последните 24 часа изнесува 84 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 3.258 лица.

Во изминатите 24 часа се направени уште 41.431 тест и се дијагностицирани 2.188 новозаразени.

Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот во земјата се зголеми на 122.392 лица.

Заедно со уште 4.922 излекувани и отпуштени лица од болница, вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 53.808 лица.

Овие бројки покажуваат дека досега во Турција се излекувани 45 отсто од вкупниот број на дијагностицирани пациенти (122.392) со Ковид-19.

 



Слични вести