Претседателот Ердоган преку видеоконференција разговараше со пациентите на лекување од Ковид-19

Претседателот Ердоган од дворецот Хубер во Тарабја се приклучи преку видеоконференција и разговараше со пациентите кои се наоѓаат на лекување во болницата на Медицинскиот факултет Џеррахпаша на Истанбулскиот универзитет-Џеррахпаша (ИУЏ)

1409085
Претседателот Ердоган преку видеоконференција разговараше со пациентите на лекување од Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција разговараше со пациентите кои се наоѓаат на лекување од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Истанбул.

Во споделената објава на профилот на претседателството на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека претседателот Ердоган се приклучи преку видеоконференција и разговараше со пациентите кои се наоѓаат на лекување во болницата на Медицинскиот факултет Џеррахпаша на Истанбулскиот универзитет-Џеррахпаша (ИУЏ).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оваа средба ја оствари од дворецот Хубер во Тарабја во Истанбул, а на истата присуствуваа и шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести