Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод 56 годишнината од формирањето на ТРТ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод 56 годишнината од формирањето на Турската државна радио и телевизија (ТРТ) испрата порака со честитка до претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ТРТ Ибрахим Ерен

1409064
Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод 56 годишнината од формирањето на ТРТ

Денеска се одбележуваат 56 години од формирањето на Турската државна радио и телевизија (ТРТ)...

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод 56 годишнината од формирањето на Турската државна радио и телевизија (ТРТ) испрата порака со честитка до претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ТРТ Ибрахим Ерен.

Во пораката на претседателот Ердоган се истакнува следното: „И ја честитам годишнината од формирањето на Турската државна радио и телевизија (ТРТ) која повеќе од половина век е во услуга на нашите граѓани и со разбирање на доверливо, точно, непристрасно емитување ги исполнува очекувањата на народот.“

Ердоган истакна дека Турската државна радио и телевизија (ТРТ) со одговорно и принципиелно информирање е во својство на школа во сферата на јавното радиодифузно емитување и со своите емисии во сферата на образованието, културата и спортот обезбедува голем општествен придонес.

Велејќи дека ТРТ со своите нови канали и повеќејазични емисии фрла потпис на постигнувања коишто влеваат гордост, претседателот Ердоган нагласи дека ТРТ продолжува да го прочујува својот глас во целиот свет. 

Петседателот Реџеп Тајјип Ердоган им посака успех и ги достави своите честитки на сите вработени на Турската државна радио и телевизија (ТРТ) која секогаш е предводник во развојот на радиодифузното емитување.



Слични вести