Благодарност од САД до Турција за доставената медицинска помош за борба против Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека остварил телефонски разговор со американскиот секретар за здравство и социјални услуги Алекс Азар

1408871
Благодарност од САД до Турција за доставената медицинска помош за борба против Ковид-19

Секретарот за здравство и социјални услуги на Соединетите Американски Држави (САД) Алекс Азар и се заблагодари на Турција за испратената медицинска помош на неговата земја за поддршка на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека остварил телефонски разговор со американскиот секретар за здравство и социјални услуги Алекс Азар. 

Министерот Коџа ја сподели следната објава: "(Азар) Се заблагодари за доставената помош на САД во медицински материјали којашто беше реализирана на инструкција на нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган).  Детално му ги објаснивме мерките коишто ги презема Турција и методите кои ги развиваме во лекувањето."

Во објавеното соопштение и од страна на Министерството за здравство во врска со остварениот телефонски разговор се истакнува дека биле разменети мислења во однос на научните истражувања коишто ги водат двете земји во борбата против Ковид-19, методите на лекување и работите за развивање на вакцина и лек против вирусот.

Се споделува информацијата дека министерот за здравство Фахреттин Коџа информирал детално за мерките коишто ги презеде Турција во ран период и методите кои ги разви во процесот на лекување, американскиот секретар за здравство и социјални услуги Алекс Азар пак, се заблагодарил за овие споделени искуства и рекол дека ќе биде корисно турските и американските научници да работат заедно.

Во соопштението се напоменува дека двајцата министри одлучиле да се работи заеднички за да се продолжи со доставување и во наредниот период на медицински апарати и материјали како што се маски, облека, средства за дезинфекција, домашен апарат за дишење (респиратор), ракавици, од Турција за САД.

Инаку, со два воени карго авиони од страна на Турција им беа испратени медицински материјали на САД.



Слични вести