Во руралното подрачје на градот Карс се неутрализирани 7 терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во руралното подрачје на населеното место Кагизман кај градот Карс за два дена се неутрализирани 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и е уништена таканаречената Група Чемче на ПКК

1408563
Во руралното подрачје на градот Карс се неутрализирани 7 терористи

Во руралното подрачје на населеното место Кагизман кај градот Карс за два дена се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и е уништена таканаречената Група Чемче на ПКК.

Соопштение по прашањето е објавено од Министерството за внатрешни работи во кое се истакнува дека бројот на неутрализираните терористи во последните два дена во операцијата којашто продолжува да се реализира од страна на командоските единици на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Кагизман кај Карс, се зголеми на 7 терористи.

Заедно со неутрализираните терористи се запленети и голема количина оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести