Реализирана седмата заедничка турско-руска копнена патрола во Идлиб, во Сирија

Турските и руските копнени и воздушни елементи денеска ја реализираа седмата заедничка копнена патрола во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија

1408325
Реализирана седмата заедничка турско-руска копнена патрола во Идлиб, во Сирија

На Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, е реализирана седмата заедничка турско-руска копнена патрола. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: "На Автопатот М-4 во Идлиб, со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија е реализирана седмата заедничка турско-руска копнена патрола."

Турција и Русија во рамките на постигнатиот договор на 5 март реализираат заеднички патроли на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија.

Договорот содржи стопирање на сите воени активности во должина на контакт линијата во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, формирање на безбеден коридор на длабочина од 6 километри северно и 6 километри јужно од Автопатот М-4, реализирање на заеднички турско-руски патроли во должина на Автопатот М-4 во делот од Трумба (на 2 километри западно од Серакиб) до Ајн ал Хавр.



Слични вести