Реакција од Турција до ЕУ во врска со објавеното соопштение по терористичкиот напад во Африн

Фахреттин Алтун покажа реакција во врска со објавеното соопштение од страна на Европската унија (ЕУ) по терористичкиот напад во Африн во северниот дел на Сирија извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1408275
Реакција од Турција до ЕУ во врска со објавеното соопштение по терористичкиот напад во Африн

Турција покажа реакција против објавеното соопштение од страна на Европската унија (ЕУ) по терористичкиот напад во Африн во северниот дел на Сирија кој беше извршен завчера од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во соопштението на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Не може да се упатува повик за прекин на огнот до една терористичка организација. Тероризмот се осудува. Со терористот се војува.“

Во соопштението на Алтун се истакнува следното: „Кога ќе погледнеме кон објавеното соопштение за жал гледаме дека Европската унија (ЕУ) се уште не може да стои на правилно место во борбата против тероризмот. Тоа е неприфатливо.Оние кои и покрај сите наши досегашни предупредувања ја поддржуваат, наоружуваат ПКК/ЈПГ, се обидуваат да и придадат легитимност и го дозволуваат делувањето на терористичката организација во нивните земји, се меѓу најзначајните одговорни за вчерашниот (28 април во вторникот) масакр во Африн. Овој напад покажа дека новите 'етикети' кои што им се даваат на терористичките организации не ја променуваат демонската природа на терористите.“

Нагласувајќи дека тероризмот им наштетува на цивилното население, на мирот и стабилноста и доведува до неповратни болни последици, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавеното соопштение на својот профил на Твитер напиша: „Независно од идентитетот на загинатите цивили и тоа на која страна од границата е реализиран нападот, тоа нема да влијае на нашата борба против сторителите на овој предавнички напад. Ние сме Турција. Водевме и ќе продолжиме да водиме борба против секој вид терор. Зедно со тоа им ги препуштаме на совеста на нашиот народ и оние кои се уште се обидуваат да го искривуваат зборот пред овој крајно јасен терористички напад и кои влегуваат во валкани сојузи со терористичката организација ПКК.“

Инаку, во објавеното соопштение од страна на сервисот за надворшени односи на Европската унија (ЕУ) во врска со реализираниот терористички напад со цистерна за гориво натоварено со експлозив во центарот на градчето Африн, во северниот дел на Сирија, во кој загинаа 40 цивили од кои 11 деца, а 147 цивили беа ранети, без да се изговори името на терористичката организација ПКК/ЈПГ им беше одделено место на изразите „Ужасниот терористички напад во градчето Африн во Сирија не може да има никакво оправдување. Одговорните треба да положат сметка“, а освен тоа беше истакнато дека се повторува повикот за прекин на огнот.



Слични вести