Претседателот Ердоган: Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП), проект за регионален развој и мир

Претседателот Ердоган истакна дека Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) претставува конкретен пример на односите меѓу Турција, Азербејџан и Грузија коишто се потпираат на меѓусебна доверба

1408586
Претседателот Ердоган: Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП), проект за регионален развој и мир

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во новиот број на списанието „Дипломат“ кое се објавува во Грузија, а којсе издава во соработка со „The New York Times“, напиша статија под наслов „ТАНАП: Проект за регионален развој и мир“.

Претседателот Ердоган истакна дека Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) претставува конкретен пример на односите меѓу Турција, Азербејџан и Грузија коишто се потпираат на меѓусебна доверба.

Ердоган нагласи ТАНАП како еден од најубавите симболи на обединувачката улога на енергијата, е регионален мировен проект. 

Тој укажа на тоа дека промената и трансформацијата коишто 18 години како ги доживува Турција во извесна смисла го отвори патот и на испораката на енергетските извори од регионот во Турција и Европа.

Претседателот Ердоган подвлече дека Турција ја презентира својата политичка и трговска поддршка во секоја фаза на синџирот на испорака на природниот гас во Турција и Европа. 

Ердоган нагласи дека ТАНАП со својот капацитет на испорака на 16 милијарди кубни метри природен гас годишно ќе обезбеди значаен придонес за безбедноста на снабдување со енергија на Турција и Европа.

Велејќи дека 70 отсто од резервите на природен гас во светот се наоѓаат во регион кадешто се наоѓа Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во својата статија го напиша следното: „ТАНАП е енергетски Пат на свилата, Турција која освен со својата силна и одржлива економија, надворешната политика која цели кон мир и сфаќањето на стабилно управување, поради географијата во која се наоѓа е сосед на богати резерви на природен гас и нафта, до денеска одиграла и ќе продолжи да одигрува  улога на безбеден мост помеѓу земјите извор и потрошувачките пазари.“

 



Слични вести