Помош во медицински материјали од Турција за областа Орн во Франција

Сенаторката на областа Орн Натали Гуле во амбасадата на Турција во Париз ја прими од амбасадорот Исмаил Хакки Муса испратената медицинска помош составена од 500 броја медицинска облека и 20 илјади заштитни маски

1408053
Помош во медицински материјали од Турција за областа Орн во Франција

Турција испрати медицинска помош за областа Орн во Нормандија во Франција, наменета за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Сенаторката на областа Орн Натали Гуле претходно се обрати до Турција за медицинска помош.

Гуле, во амбасадата на Турција во Париз ја прими од амбасадорот Исмаил Хакки Муса испратената медицинска помош составена од 500 броја медицинска облека и 20 илјади заштитни маски.

Сенаторката на областа Орн Натали Гуле и се заблагодари на Турција за доставената помош и истакна дека медицинската облека и маските ќе им бидат раздадени пред се на здравствените работници и на полицијата и жандармеријата во областа.

Турција досега им ја подаде својата рака за помош и испрати медицински материјали за голем број земји ширум светот, како и на Италија и Шпанија како најмногу погодени земји во Европа од глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

 

 



Слични вести