Благодарност од САД до Турција за доставената медицинска помош за борба против Ковид-19

„И благодариме на Турција за доставената помош на САД и за примерното лидерство коешто го покажува во борбата против Ковид-19 во рамките на НАТО.“ - рече заменик потсекретарот на Пентагон на САД одговорен за НАТО и Европа Мајкл Рајан

1407963
Благодарност од САД до Турција за доставената медицинска помош за борба против Ковид-19

Заменик потсекретарот на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на САД одговорен за НАТО и Европа Мајкл Рајан, во врска со доставените материјали со медицинска помош од страна на Турција на САД го истакна следното: „И благодариме на Турција за доставената помош на САД и за примерното лидерство коешто го покажува во борбата против Ковид-19 во рамките на НАТО.“

Велејќи дека турските и американските функционери една недела како ја координираат оваа помош, Рајан рече: „Помошта којашто Турција ја достави на САД, исто како што претходно им достави помош на Италија, Шпанија, Велика Британија и на Балканот, е реализирана со координација на НАТО.“

Инаку, на инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воениот карго авион од типот А400М во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС) кој носеше материјали со медицинска помош испратени за САД завчера во 00:30 часот по турско време слета во воздухопловната база Ендрјус во близина на главниот град Вашингтон.

Испратената помош се состоеше од материјали за борба против новиот тип коронавирус и во пратката имаше 500 илјади заштитни маски, 400 илјади наметки, 2 илјади литри средство за дезинфекција, 500 штитници за лице и 400 маски N95, како и 1.500 заштитни наочари.



Слични вести