За еден ден во Турција од Ковид-19 починаа 89 лица, има 2.936 новозаразени, а оздравеа 5.231 лице

Со смртта на уште 89 лица во изминатите 24 часа, вкупниот број на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се искачи на 3.081 лице, а вкупниот број на случаите на зараза изнесува 117.589

1407915
За еден ден во Турција од Ковид-19 починаа 89 лица, има 2.936 новозаразени, а оздравеа 5.231 лице

Продолжуваат да се намалуваат човечките загуби во Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Со смртта на уште 89 лица во изминатите 24 часа, вкупниот број на смртните случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 3.081 лице.

Во изминатото деноноќие се направени 43.498 таста од кои се регистрирани 2.936 позитивни случаи на вирусот. Вкупниот број на случаите на зараза од Ковид-19 изнесува 117.589.

Заедно со уште 5.231 излекувано и отпуштено лице од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 44.022 лице.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа по одржаниот состанок со Научниот совет се појави пред претставниците на печатот кадешто даде значајни изјави.

Министерот Коџа нагласи дека стапката на смртност од Ковид-19 во Турција опадна на околу 10 отсто и велејќи дека Турција досега излезе со чист образ од овој испит го рече следното: „Нас до оваа точка не донесоа усогласеноста со мерките и претпазливоста.“

Истакнувајќи дека епидемијата е во период на пик, Коџа го достави следното предупредување: „Гледаме дека е влезено и во тренд на опаѓање, меѓутоа значајно е тоа да биде трајно.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа напомена дека во овој процес се инфектирани и 7.428 здравствени работници и информира дека тоа изнесува 6,6 отсто од вкупната бројка на случаите на зараза.



Слични вести