Во САД слета турскиот авион кој пренесуваше медицинска опрема

Карго авионот од типот А 400М кој полета вчера наутро од Турција, во САД пренесе хируршки маски, заштитни штитови за лице, маски од типот Н95 и комбинезони

1407322
Во САД слета турскиот авион кој пренесуваше медицинска опрема

Раката на помош на Турција пристигна во САД.

На Заедничкиот воени аеродром Ендрјуз во Вашингтон слета турскиот воен карго авион којшто ја пренесе медицинската помош од Турција на САД, која земја најмногу е изложена на епидемијата на новиот тип на кронавирусот (Ковид-19).

Карго авионот од типот А 400М кој полета вчера наутро од Турција, во САД пренесе хируршки маски, заштитни штитови за лице, маски од типот Н95 и комбинезони.

Авионите од типот А 400М на Турските воздушни сили и претходно пренесоа заштитна медицинска опрема за Италија, Шпанија, Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Велика Британија и Сомалија.

Вкупниот број на земјите на кои Турција во рамките на борбата против епидемијата им достави рака на помош во заштитна медицинска опрема изнесува 56.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во објавата на профилот преку социјалниот медиум твитер истакна дека Турција, покрај тоа што е земја којашто најмногу пружи хуманитарна помош на другите земји во светот, исто така во борбата против епидемијата на Ковид-19 е трета земја во светот која пружи најголема медицинска поддршка.



Слични вести