Туркиш ерлајнс летовите ги откажа до 28 мај

Знаеме дека е тешко, но за да го победиме вирусот, сите заедно треба да уште малку треба да бидеме пострпливи

1407443
Туркиш ерлајнс летовите ги откажа  до 28 мај

Турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека поради новиот тип на коронавирусот Ковид-19, одлуката за откажување на летовите ја пролонгира до 28 мај.

Генералниот директор на Туркиш ерлајнс, Билал Екши во објавата преку профилот на социјалните медиуми истакна:

„Знаеме дека е тешко, но за да го победиме вирусот, сите заедно треба да уште малку треба да бидеме пострпливи. За жал, летовите на внатрешните и надворешните дестинации сме принудени да ги откажеме до 28 мај 2020.“



Слични вести