Реакција од Турција против самопрогласувањето на Хафтар за „претседател на државата“

МНР на Турција покажа реакција против лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар кој се самопрогласи за „претседател на државата“ и соопшти дека меѓународната заедница без да губи време треба да го даде потребниот одговор

1407780
Реакција од Турција против самопрогласувањето на Хафтар за „претседател на државата“

Турција покажа реакција против лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар кој се самопрогласи за „претседател на државата“ и соопшти дека меѓународната заедница без да губи време треба да го даде потребниот одговор.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Хафтар со оваа своја изјава уште еднаш отворено го изнесе тоа дека не сака кризата во Либија да се реши по пат на политички дијалог, дека не ги поддржува меѓународните напори во оваа насока, вклучувајќи ги и резултатите од Берлинската конференција и дека има за цел да формира воена диктатура во земјата.“

Во соопштението се наведува дека Хафтар со нападите коишто ги реализира повеќе од една година без да прави никаква разлика меѓу целите уште повеќе ја продлабочува хуманитарната состојба во Либија, а воедно се нагласува дека продолжувајќи ја блокадата што ја спроведува врз производството на нафтата во оваа средина на епидемија, го попречува обезбедувањето на медицинските материјали од коишто има потреба либискиот народ и не се воздржува од користење на водата како средство на притисок.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се изнесува следната констатација: „Меѓународната заедница без да губи време треба да му го даде потребниот одговор на ова лице за кои не постои било какво сомневање дека има намера да формира режим на воена хунта во Либија. Од друга страна, не треба да се заборави и тоа дека оние кои го поддржуваат, вклучувајќи ги и некои држави кои на изглед како да се бранители на демократијата од погледот на либискиот народ ќе бидат соучесници на она што го прави тој (Хафтар).“

Лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, по претрпените воени загуби во последно време во говорот што го одржа во понеделник вечер изјави дека политичкиот Договор од Сухејрат ја изгубил својата важност кој е потпишан под покровителство на Обединетите нации (ОН) и дека застанува на чело на државата (се самопрогласува за претседател на државата).



Слични вести