Реакции од Турција против вчерашниот терористички напад во Африн, во Сирија

Реакции против вчерашниот терористички напад во градчето Африн во северниот дел на Сирија пристигнаа од потпретседателот Фуат Октај, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција Мустафа Шентоп и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу

1407871
Реакции од Турција против вчерашниот терористички напад во Африн, во Сирија

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на Твитер покажа реакција против вчерашниот напад на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ со цистерна за нафта натоварена со експлозив во центарот на градчето Африн, во северниот дел на Сирија.

Октај истакна дека го проколнува и осудува овој предавнички напад.

„Го проколнувам и осудувам овој предавнички напад извршен во Африн за време на светиот рамазански ден. На загинатите им посакувам милост од Аллах, на ранетите побрзо оздравување. Извалкана е со крвта на недолжни цивили и деца рака на секого кој ја поддржува иостанувајќи нема ја охрабрува терористичката организација.“ - напиша потпретседателот Фуат Октај на својот профил на Твитер.

Реакција против нападот покажа и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека предавничката сепаратистичко-терористичка организација ПКК/ЈПГ во Африн за време на Рамазан ги измасакрира невините луѓе без да прави разлика меѓу деца и возрасни.

Шентоп во својата објава напиша: „Ја проколнувам терористичката организација која нема ништо световно и која е жедна за крв.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со нападот на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели следната објава: „За овој свиреп напад се одговорни и оние кои ја поддржуваат терористичката организација и се обидуваат да ја извадат од листата на терористички организации. Предавничката терористичка организација ПКК/ЈПГ дури и во овој свет рамазански ден ги измасакрира невините цивили без да прави разлика и меѓу деца.“

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана вчера беше истакнато дека во извршен напад од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ на улицата Раџу, едното од најпрометните места со цивили во центарот на градчето Африн, според првични добиени информации загинаа 40 цивили од кои 11 деца, а 47 цивили се ранети.



Слични вести