Претседателот Ердоган: Фатен терористот кој го подготвил вчерашниот предавнички напад во Африн

Претседателот Ердоган информира дека е е фатен терористот кој го подготвил крвавиот напад што вчера беше извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Африн, а во кој загинаа 40 цивили од кои 11 деца, а 47 цивили се ранети

1407896
Претседателот Ердоган: Фатен терористот кој го подготвил вчерашниот предавнички напад во Африн

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека е фатен терористот кој го подготвил вчерашниот терористички напад во градчето Африн, во северниот дел на Сирија.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган ги испрати своите поздрави и својата љубов до сирискиот народ и информира дека е фатен терористот кој го подготвил крвавиот напад кој вчера беше извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Африн.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана вчера беше истакнато дека во извршен напад од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ на улицата Раџу, едното од најпрометните места со цивили во центарот на градчето Африн, во северниот дел на Сирија, загинаа 40 цивили од кои 11 деца, а 47 цивили се ранети.



Слични вести