Турција испрати материјали со медицинска помош за САД за борба против Ковид-19

Воениот карго авион на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со медицински материјали утрово од воениот аеродром Етимесгут во Анкара полета за САД

1406633
Турција испрати материјали со медицинска помош за САД за борба против Ковид-19
Türkiye'den ABD'ye Tıbbi Yardım

Турција испрати материјали со медицинска помош на Соединетите Американски Држави (САД) кои се во состојба на епицентар на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Со таа цел воениот карго авион на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со медицинска помош утрово од воениот аеродром Етимесгут во Анкара полета за САД.

На инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Турција на САД кои од глобалната епидемија досега изгубија над 55 илјади свои граѓани и за поддршка во борбата против Ковид-19, испрати помош составена од хируршки маски, штитници за лице,  маски N95, заштитна облека, средства за дезинфекција, како и голем број други видови превентивни здравствени материјали за заштита од коронавирусот. 

Материјалите подготвени од страна на министерствата за национална одбрана и здравство беа натоварени на џиновскиот воен карго авион од типот А 400М кој утрово од воениот аеродром Етимесгут во Анкара полета за САД. 

На карго пратките со ознака на претседателството на Турција, на турски и англиски јазик беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми (13. век): „Колку ли бројни надежи има по безнадежноста. Колку ли бројни сонца има по темнината.“

Амбасадата на САД во Анкара објави порака со благодарност до Турција.

Во пораката се вели следното: „Блиската соработка меѓу сојузниците и оартнерите кои ги споделуваат истите размислувања е од клучно значење во развивањето на брз и ефикасен одговор во периоди на криза како што е борбата којашто се води во светски рамки против Ковид-19. Никој не може тоа да го направи сам. Во име на владата на САД и се заблагодаруваме на Турција за донацијата со дарежливата медицинска опрема и друг вид неопходни материјали којашто е реализирана денеска. Оваа остварена испорака покажува дека врската помеѓу САД и Турција е силна и е едната од нашите најзначајни сојузи. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката со Турција по ова прашање и голем број наши други заеднички приоритети. Им благодариме на турската влада и на турскиот народ за поддршката и пријателството кон американскиот народ.“

Од друга страна, и постојаната претставничка на САД во НАТО Кеј Бејли Хачинсон се заблагодари за помошта на Турција на САД во медицински материјали, поради епидемијата на Ковид-19.

Хачинсон во споделената објава на социјалната мрежа Твитер истакна дека оваа НАТО солидарност во период на епидемија ја изнесува силата на трансатлантските врски.

Кеј Бејли Хачинсон сподели и една своја фотографија со постојаниот претставник на Турција во НАТО Басат Озтурк и го напиша следното: „Му благодариме на турскиот народ за доставената поддршка на нашата борба против Ковид-19.“

Турција со своите воени карго авиони од типот А 400М во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС) досега испрати материјали со медицинска помош на голем број други земји како што беа Италија, Шпанија, Велика Британија, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Сомалија и др. 



Слични вести