Претседателот Ердоган: Промените во светот ги отвораат прозорците на нови и големи можности пред Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека промените во светот укажуваат на тоа дека пред Турција се отвораат прозорци на нови и големи можности

1406922
Претседателот Ердоган: Промените во светот ги отвораат прозорците на нови и големи можности пред Турција

Централниот извршен совет (MYK) на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) се состана под претседателство на претседателот на партијата и воедно претседател на државата Реџеп Тајјип Ердоган.

Во рамките на превентивните мерки коишто се преземаат против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), состанокот се одржува преку видео конференција и започна во 15:00 часот според турско време.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа пред присутните истакна дека промените во светот укажуваат на тоа дека пред Турција се отвораат прозорци на нови и големи можности.

„Ќе бидеме трпеливи уште извесно време, и ќе стигнеме до убави денови.“ - рече претседателот Ердоган.



Слични вести