Невините цивили повторно беа мета на непријателот на човештвото

Според првите сознанија, во кукавичкиот напад на терористите со цистерна за гориво натоварена со експлозив во Африн загинаа 40 лица од кои 11 беа деца

1407149
Невините цивили повторно беа мета на непријателот на човештвото

Во бомбашкиот напад на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ на подрачјето Африн во Сирија бројот на невините цивили кои загинаа се зголеми на 40 лица. Бројот на децата кои загинаа во овој кукавички напад изнесува 11.

Министерството за национална одбрана на Турција во соопштението што го објави во врска со кукавичкиот напад на терористите со цистерна за гориво натоварена со експлозив во улицата Раџа во едно од најнаселените места во Африн, го истакна следното:

„Мета на последниот напад на непријателот на човештвото ПКК/ЈПГ во Африн повторно беа невините цивили. Според првите сознанија, во кукавичкиот напад на терористите со цистерна за гориво натоварена со експлозив во улицата Раџа во едно од најнаселените места во Африн загинаа 40 лица од кои 11 беа деца, додека 47 цивили беа повредени.“



Слични вести