Алтун: Турција е во солидарност со својот НАТО сојузник САД во борбата против Ковид-19
Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека Турција во борбата против новиот тип коронавирус Ковид-19 е во солидарност и со својот НАТО сојузник САД
1406535

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во пораката што ја сподели вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Турција продолжува да им испраќа медицински материјали на своите пријателски и сојузнички земји, за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Алтун информира дека Турција во борбата против Ковид-19 е во солидарност и со својот НАТО сојузник Соединетите Американски Држави (САД).
Фахреттин Алтун во својата објава напиша: „50 илјади хируршки маски и илјадници заштитни материјали и опрема од различен вид во вторникот ќе пристигнат во воздушната база Ендрјус во САД. Во борбата против Ковид-19 сме во солидарност и со нашиот НАТО сојузник САД.“
Слични вести
