Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 има 95 починати, а оздравеа 4.561 лице

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција во последните 24 часа изнесува 95 лица, а оздравеа и се отпуштени од болница 4.651 инфектирано лице од вирусот

1406339
Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 има 95 починати, а оздравеа 4.561 лице

Турција продолжува да добива позитивни резултати во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што со секој поминат ден се намалува бројот на случаите на зараза и на смртните случаи од болеста.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа изнесува 95 лица, а од почетокот на епидемијата бројот на смртните случаи од вирусот се зголеми на 2.900 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 20.143 теста од кои се дијагностицирани 2.131 новозаразено лице.

Заедно со уште 4.651 излекувано и отпуштено лице од болница вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 33.791 лице.

Привлекува внимание тоа што во последните неколку дена бројот на оздравените дневно е поголем од бројот на новозаразените лица.

 

 



Слични вести