Реакција од Чавушоглу до Грција: Барем хуманитарните прашања не доведувајте ги во политичко средство

Мевлут Чавушоглу истакна: „Барем хуманитарните прашања не доведувајте ги во политичко средство. Тројцата грчки морнари не ги донесовме од Џибути за да ни се заблагодарите, ги донесовме со задоволство поради тоа што тоа беше наша хуманитарна должнсот.“

1406201
Реакција од Чавушоглу до Грција: Барем хуманитарните прашања не доведувајте ги во политичко средство

Турција упати повик до Грција, хуманитарните прашања да не ги доведува во политичко средство.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа реакција против грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас кој и покрај тоа што тројца грчки морнари заглавени во Џибути на 25 април со помош на амбасадата на Турција во Џибути беа евакуирани од оваа земја со авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), во објавеното соопштение преку социјалната медија  не ги изнесе овие придонеси и помошта на Турција.

Чавушоглу објави соопштение во врска со пораката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, а во однос на тоа дека евакуацијата за која станува збор е реализирана со придонесите на властите на Грција и Еропската унија (ЕУ) во Џибути и министерството за надворешни работи на Џибути.

Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Барем хуманитарните прашања не доведувајте ги во политичко средство. Тројцата грчки морнари не ги донесовме од Џибути за да ни се заблагодарите, ги донесовме со задоволство поради тоа што тоа беше наша хуманитарна должнсот.“

Дипломатски извори привлекуваат внимание дека молбата за евакуацијата којашто ја реализира Турција од Џибути пристигнала со нота лично од страна на грчкото Министерство за надворешни работи и дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ова официјално барање го разгледал од хуманитарен аспект и ги издал неопходните инструкции за да се помогне во евакуацијата на тројцата заглавени грчки морнари.

На официјално барање на грчките власти со помош на амбасадата на Турција во Џибути тројцата грчки морнари заглавени во оваа земја завчера со авионот за евакуирање на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) беа донесени во Турција и откако слегоа од авионот со приватно возило на амбасадата на Грција во Анкара беа однесени на граничниот премин Ипсала кај градот Едирне.



Слични вести