Претседателот Ердоган: Со секој поминат ден се намалува бројот на заразени и починати во Турција

Претседателот Ердоган истакна дека со секој поминат ден се намалува бројот на заразени и починати во Турција поради „глобалната катастрофа“ новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1406295
Претседателот Ердоган: Со секој поминат ден се намалува бројот на заразени и починати во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет којшто по петти пат се одржа преку видеоконференција се појави пред камерите и одржа прес конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека со секој поминат ден се намалува бројот на заразени и починати во Турција поради „глобалната катастрофа“ новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека е влезено во период кога почнаа да се добиваат конкретните резултати од борбата којашто се води како земја и како народ против епидемијата на коронавирусот, Ердоган напомена дека со секој поминат ден се намалува бројот на нови случаи на зараза и починати од коронавирусот.

„Во овој процес никој не е оштетен, не е вратен назад од вратата на болницата, не е оставен сам. Во однос на прашања пред кои најразвиените земји останаа беспомошни ние достигнавме до положба да им дадеме поддршка на нашите пријатели.“ - рече претседателот Ердоган.

Тој информира дека Турција им достави помош во материјали на 55 земји за борба против епидемијата и својот говор го продолжи со следните зборови: „Како последно утре за САД ќе испратиме материјали со медицинска помош составени од маски, штитници за лице, заштитни визири, маски N95, заштитна облека и средства за дезинфекција.“

Претседателот Ердоган истакна дека воени товарни авиони на Турските вооружени сили (ТВС) натоварени со овие материјали утре ќе полетаат за САД.

Нагласувајќи дека забраната за излегување на улица викендите во 31 град во рамките на борбата против епидемијата ќе продолжи до 23 мај, до Рамазан Бајрам, Ердоган рече: „Доколку продолжи оваа позитивна слика подготвуваме план за враќање на животот во нормала во целата земја.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека од се срце верува оти во светот којшто по кризата ќе се преструктуира Турција ќе достигне до позиција и вон своите цели за 2023 година (одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на Републиката).



Слични вести