Ердоган оствари телефонски разговор со ќерката на Ѓулушкен кој беше евакуиран од Шведска

Му благодарам на Аллах што ни овозможи да ја споделиме оваа среќа

1405796
Ердоган оствари телефонски разговор со ќерката на Ѓулушкен кој беше евакуиран од Шведска

Вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со Лејла Ѓулешкен, ќерката на Емрулах Ѓулушкен кој со амбулантен авион од Шведска беше евакуиран во Турција.

Ердоган на профилот на твитер ја сподели следната објава:

„Денес остварив телефонски разговор со госпоѓа Лејла, ќерката на господинот Емрулах кого со амбулантен авион го донесовме од Шведска. Му благодарам на Аллах што ни овозможи да ја споделиме оваа среќа. Оваа држава е вљубена во својот народ. Саканиот и да се наоѓа во печалба, никогаш не го остава сам.“

Покрај писмената објава, на профилот на Ердоган се најде и видео разговорот.

Претседателот Ердоган на средбата со Лејла Ѓулушкен, освен тоа што ја праша за тоа како е и нејзиното лично здравје, го истакна следното:

„Татко ви пристигна во Турција. Колегите активно ќе ги следат натамошните случувања и процесот. Сега е во безбедни раце. Турција е една од респектните земји во сферата на здравството. Воопшто немојте да се грижите. Ние ќе направиме се што е во наша можност од едицински аспект. Исто така активно ќе го следиме случајот.“

Лејла Ѓулушкен на разговорот истакна дека има доверба во претседателот Ердоган и Турција и му се забагодари за инволвираноста.



Слични вести