Фахреттин Алтун: Борбата на Турција против коронавирусот служи за пример за светот

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) служи за пример за светот

1406021
Фахреттин Алтун: Борбата на Турција против коронавирусот служи за пример за светот

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер на англиски јазик истакна дека се добиваат многу добри вести во првите денови на светиот муслимански месец на постот Рамазан 

Алтун напомена дека се доживува најниското ниво во последните 20 дена во бројот на дијагностицираните нови случаи на зараза од коронавирусот во Турција и дека кривата се исправува и почнува да се спушта надолу. 

Фахреттин Алтун подвлече дека борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) служи за пример за светот. 

Тој подвлече дека Турција која продолжува да им помага на другите земји со доставување на критични медицински материјали, со што покажува дека се грижи за сите кои се подложени на влијанието на Ковид-19 во светот, а не само за своите сопствени граѓани.

Велејќи дека се донесени во татковината 25 илјади турски граѓани кои во месецот на постот Рамазан сакаа да бидат во својата земја, шефот на  одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун го истакна следното: „Довербата којашто нашите граѓани ја чувствуваат кон нашиот здравствен систем претставува извор на гордост за нас. Борбата на Турција против коронавирусот служи за пример за светот. Бидејќи нашиот претседател издаде инструкција во правец на делување на најхуман начин по ова прашање без оглед на последиците. Ѝ нашите сопствени граѓани, ѝ секој кој се наоѓа во тешка состојба во светот може да има доверба во Турција по ова прашање.“



Слични вести