Чавушоглу. „Во 2019 година, 76 граѓани со амбулантни авиони беа донесени од странство“

Министерот Чавушоглу објавата ја сподели со најмногу користената етикетата во последно време „ЧувствувамГордостсоЗемјата“ (ÜlkemleGururDuyuyorum).

1405873
Чавушоглу. „Во 2019 година, 76 граѓани со амбулантни авиони беа донесени од странство“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека лани, 76 турски граѓани чија здравствена состојба беше влошена, со амбулантни авиони беа донесени во Турција.

Во објавата преку профилот на твитер Чавушоглу ги сподели бројките во врска со турските граѓани чија здравствена состојба беше влошена и кои со амбулантни авион беа донесени на лекување во Турција.

Мевљут Чавушоглу ја сподели следната објава:

„Во 2018 година од странство во Турција на лекување беа донесени 84, во 2019 година 76 турски граѓани чија здравствена состојба беше влошена. Му посакувам срдечно добре дојде и на братот Емрулах (Ѓулешкен). Никогаш не ги оставивме и нема да ги оставиме нашите граѓани сами без оглед на тоа во која држава се наоѓаат.“

Самир и Лејла Ѓулешкен, ќерките на 47 годишниот Емрулах Ѓулешкен кој поради позитивниот тест на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беше испратен на домашно лекување, не беше лекуван во болница во шведскиот град Малме, преку социјалните медиуми упатија повик за помош.

Министерот за здравство Фахретин Коџа по објавениот повик и снимките, презеде иницијатива и издаде иснтрукција за испраќање на амбулантниот авион за донесување на заразените турски граѓани од странство во Турција.

Амбулантниот авион којшто ги пренесуваше Емрулах Ѓулешкен и децата, вчера во 13.30 часот според локално време слета на аероромот Есенбога во Анкара. По лекарските прегледи и контроли на Емрулах Ѓулешкен и децата, сите заедно со амбулантна кола беа префрлени на лекување во Градската болница на Анкара.

Министерот Чавушоглу објавата ја сподели со најмногу користената етикетата во последно време „ЧувствувамГордостсоЗемјата“ (ÜlkemleGururDuyuyorum).



Слични вести