Турското знаме засјае на едниот од највисоките планински врвови на швајцарските Алпи

Турското знаме со полумесечина и ѕвезда е претставено со светлосен ефект на светски познатиот планински врв Матерхорн висок 4.478 метри, едниот од највисоките и најпознатите планински врвови на швајцарските Алпи и во Европа

1405339
Турското знаме засјае на едниот од највисоките планински врвови на швајцарските Алпи
Türkiyə bayrağı_İsviçrə_Alp zirvəsində.jpg
Turk bayragi Matterhorn Dagi.jpg

Во знак на поддршка на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е проектирана сликата на турското знаме на планината Матерхорн, едниот од највисоките и најпознатите планински врвови на швајцарските Алпи и во Европа.

Турското знаме со полумесечина и ѕвезда е претставено со светлосен ефект на светски познатиот планински врв Матерхорн висок 4.478 метри, на границата на Швајцарија со Италија.

Оваа извонредна глетка ги маѓепса и импресионира оние кои ја видоа.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на туристичката агенција Зермат се истакнува дека вп знак на солидарност со земјите во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е претставено со светлосен ефект на планинскиот врв Матерхорн турското знаме. 

Импресионирачката маѓепсна слика на турското знаме на планинскиот врв на швајцарските Алпи за кусо време стана едната од најмногу користените фотографии на социјалните профили на Турците во Швајцарија.

Во коментарите преку социјалната медија им беше заблагодарено на швајцарските власти за овој настан.

Инаку, на планинскиот врв Матерхорн, едниот од највисоките и најпознатите планински врвови на швајцарските Алпи и во Европа во знак на поддршка на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во различни денови се презентираат со светлосни ефекти знамињата на различни земји.



Слични вести