Претседателот Ердоган ја продолжува телефонската дипломатија во борбата за справување со Ковид-19
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас, претседателот на Парламентот на Тунис Рашид ал Гануши и премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја продолжува телефонската дипломатија во борбата за справување со глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Во тие рамки, претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор помеѓу претседателот Ердоган и палестинскиот претседател Махмуд Абас покрај соработката во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), беа разгледани и билатералните односи и регионални прашања.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган телефонски разговори со иста содржина оствари и со претседателот на Парламентот на Тунис Рашид ал Гануши и премиерот на Бугарија Бојко Борисов.