Мевлут Чавушоглу: Досега донесовме во земјата повеќе од 60 илјади наши граѓани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека поради Ковид-19 досега во земјата се донесени повеќе од 60 илјади турски граѓани кои се наоѓаа во различни земји во светот

1405304
Мевлут Чавушоглу: Досега донесовме во земјата повеќе од 60 илјади наши граѓани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социалната мрежа Твитер информираше во врска со донесените турски граѓани од странство, поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу истакна дека поради Ковид-19 досега во земјата се донесени повеќе од 60 илјади турски граѓани кои се наоѓаа во различни земји во светот.

Чавушоглу во својата споделена објава ја достави следната информација: „Досега во земјата донесовме повеќе од 60 илјади наши граѓани. На приближно 20 илјади лица од различни земји кои се наѓаа во Турција им овозможивме да се вратат во своите земји. Им обезбедивме поддршка во медицински материјали на 57 земји.“



Слични вести