Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција се искачи на 2.706, а досега се излекувани 25.582 лица

Во изминатите 24 часа се отпуштени од болница 3.845 пациенти, а се дијагностицирани 2.861 новозаразен, со што бројот на излекуваните и отпуштените пациенти од болница е за 984 лица поголем од новозаразените

1405167
Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција се искачи на 2.706, а досега се излекувани 25.582 лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција со смртта на уште 106 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 2.706.

Во изминатите 24 часа се направени уште 38.308 теста од кои се дијагностицирани  2.861 новозаразен од вирусот, а досега се направени вкупно 868.565 тестирања. 

Бројот на случаите позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува вкупно 107.773 лица и е со тренд на опаѓање.

Заедно со уште 3.845 излекувани и отпуштени од болница, вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 25.582 лица.

 



Слични вести