Пораки од претседателот Ердоган и другите лидери по повод почетокот на месецот на постот Рамазан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потпретседателот Фуат Октај и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објавија пораки по повод започнувањето на муслиманскиот месец на постот Рамазан

1404419
Пораки од претседателот Ердоган и другите лидери по повод почетокот на месецот на постот Рамазан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод започнувањето на месецот на постот Рамазан сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со изјавата „Добредојде еј Шехр-и Рамазан (Месец Рамазан).“

Претседателот Ердоган во својата објавена порака заедно со фотографијата на светото место Ќаба го сподели и ајетот број 183 од сурата Бакара во светата муслиманска книга Куран-и Керим во кој се вели: „О верници, постот е ваша должност, како што беше должност и на оние пред вас. Благодарение на тоа ќе се заштитувате себе си од лошото.“

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на своите профили на социјалните медиуми исто така посака Рамазан да стане повод за добри работи за турскиот народ, за исламскиот свет и за целото човештво.

Октај во својата порака напиша: „Севишниот да ни овозможи да стигнеме до бајрамски денови кога ќе се сретнеме на иста софра и ќе клањаме намаз во ист ред, да и обезбеди здравје и спокојство на нашата земја.“

Порака по повод започнувањето на месецот на постот Рамазан објави и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Во својата порака Шентоп нагласи  дека во период кога се упатува повик до граѓаните поради епидемијата на новииот тип коронавирус (Ковид-19) да останат во своите домови, овие свети денови ќе им пружат можност на граѓаните повеќе да му се покоруваат и да му се молат (вршат ибадет) на Аллах.



Слични вести