Авион на Туркиш Ерлајнс со специјален лет под кодот „TK1920“ го исцрта турското знаме на небото

На снимките преку интернет страницата „Flightradar24“ се гледа како авионот на Туркиш Ерлајнс на небото над Централно Анадолската област изведува лет со кој исцртува  голема полумесечина и ѕвезда кои го симболизираат турското знаме

1404352
Авион на Туркиш Ерлајнс со специјален лет под кодот „TK1920“ го исцрта турското знаме на небото
THY oyel ucus.jpg
THY Uçağı Gökyüzünde .jpg

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) вчера по повод 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето, одбележувањето на 100 годишнината од отворањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го реализира планираниот специјален лет под кодот „TK1920“.

Специјалниот лет кој соодветно со историскиот датум 23 април 1920 година кога пред точно 100 години беше отворено Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), беше следен и снимен од страна на интернет-страницата за следење на воздушниот сообраќај „Flightradar24“.

На снимките преку интернет страницата „Flightradar24“ се гледа како авионот на Туркиш Ерлајнс на небото над Централно Анадолската област изведува лет со кој исцртува  голема полумесечина и ѕвезда кои го симболизираат турското знаме.

Рекламниот филм подготвен во врска со специјалниот лет на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) вчера вечер во точно 19:20 часот според турско време е споделен од официјалниот профил на компанијата преку социјалните медиуми.

 



Слични вести