Водечки терорист на ПКК од Шведска донесен во Турција

Водечкиот терорист под кодно име Зибо т.н. одговорен за Џизре на сепаратистичко-терористичката организација ПКК е донесен во Турција со координирана работа со шведските органи

1403850
Водечки терорист на ПКК од Шведска донесен во Турција

Во рамките на координираната работа коишто Националната разузнавачка служба (МИТ) ги водеше со шведските органи е донесен во Турција терористот под кодно име Зибо т.н. одговорен за Џизре на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Терористот донесен во Турција со координирана работа со шведските органи се приклучил кон терористичката организација во 2014 година.

Овој водечки терорист водел активности за придобивање членови за кадрите во руралните области на терористичката организација ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а воедно во 2015-2016 година учествувал во вооружените судири против турските безбедносни сили во редовите на терористичката организација во подрачјето на населеното место Џизре кај градот Ширнак.

Терористот, за време на операциите на безбедносните сили против терористичката организација бил ранет во ногата и раката по што преку незаконски патишта заминал на лекување во странство.

По него се трагаше поради извршени кривични дела членување во терористичка организација, вооружен грабеж, вршење пропаганда на терористичка организација и нарушување на единството и територијалниот интегритет на земјата така што против него постои потврдена затворска казна во траење од 15 години за членување во терористичка организација.

Терористот и покрај тоа што оваа година беше во потрага за поднесување барање за азил во Шведска со реализираната координирана работа помеѓу Националната разузнавачка служба (МИТ) и шведските органи денеска е донесен во Турција и им е предаден на полициските органи.



Слични вести