Видеоснимка со честитки од МО по повод 23-ти април

Честити да ни се 100-та годишнина од формирањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претставникот на националната волја на нашата племенита нација и 23-ти април, Денот на анционалниот суверенитет и Празник на детето

1404046
Видеоснимка со честитки од МО по повод 23-ти април

Министерството за национална одбрана (МО) на Турција, по повод 23-ти арил, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето на социјалните медиуми објави видеоснимка со честитки која содржи историски фотографии и снимки.

На видеоснимката на Министерството која што беше споделена преку профилот на твитер, беше упатена пораката „Честити да ни се 100-та годишнина од формирањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претставникот на националната волја на нашата племенита нација и 23-ти април, Денот на анционалниот суверенитет и Празник на детето. На видеоснимката можат да се проследат фотографии и снмки на Првото Големо Народно Собрание на Турција на Турција, Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите другари по оружје, децата и младите како и Турските вооруени сили.

На видеоснимката се наоѓаат историски снимки на Првото Собрание и се потенцира дека местото каде што бие срцето на Турција, денес ја слави 100-та годишнина.

„Ние сме нација чија историја е исполнета со слава и чест, храбри луѓе склони кон слободата и независноста. Мустафа Кемал Ататурк е неспоредлив лидер кој излезе од душата на самиот народ, веруваше во својот народ, животот го посвети на народот чиј дел беше и самиот и излезе на пат за чиј крај знаеше дека ќе заврши со победа.

Поаѓаји од ова коренито минато, со надежта на нашите деца како претставници на иднината, со многу поголема возбуденост и амбициозност, напредуваме кон подобра иднина. Начелото на Гази Мустафа Кемал Ататурк „Суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата“, кое Големото Национално Собрание на Турција го прифати и за своја појдовна точка, точно еден век испреплетено заедно со искуството на нашата историја, денешната возбуденост, радоста на децата, продолжуваме да ја градиме иднината. Честити да ни се 100-та годишнина од формирањето на Големото Национално Собрание на Турција и 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето“ беше истакнато во соопштението на МО.



Слични вести