Специјално шоу на акробатската екипа Турски ѕвезди по повод 23-ти април

На објавата беа објавени зборовите на Мустафа Кемал Ататурк: „Млади дами и господа! Сите Вие сте по една зрак на роза, ѕвезда и среќа на иднината. Вие сте тие кои татковината ќе ја осветлите со светлина.“

1404098
Специјално шоу на акробатската екипа Турски ѕвезди по повод 23-ти април

Акробатската екипа Турски ѕвезди по повод 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето како и 100-та годишнина од формирањето на Големото Национално Собрание на Турција одржа специјално шоу.

Акробатската екипа Турски ѕвезди која е стационирана во рамките на 3-та главна команда на млазните авиони во Коња при Командата на воздушните сили, специјалното видео што го подготви за празникот, го сподели преку профилите на социјалните медуми.

На објавата беа објавени зборовите на Мустафа Кемал Ататурк: „Млади дами и господа! Сите Вие сте по една зрак на роза, ѕвезда и среќа на иднината. Вие сте тие кои татковината ќе ја осветлите со светлина.“

„Со ова наше специјално видео ја честитаме 100-та годишнина на отворањето на Собранието и на сите деца им го честитаме 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.“ На видеото може да се види акробатската изведба од 9 минути 43 секунди на Турските ѕвезди.

Во последниот дел на видеото се упатува пораката: „Овој лет и шоу го остваривме за денешните мали деца и млади, а возрасните на иднината, со цел да ви посочиме дека за поздрави денови, треба да останеме дома, драги деца. Ви го честитаме 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.“



Слични вести