Претседателот Ердоган: Република Турција е изградена над свеста на единство, заедништво, братство и солидарност

Претседателот Ердоган во своето обраќање до нацијата по повод 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето истакна дека Република Турција е изградена над свеста на единство, заедништво, братство и солидарност.

1404221
Претседателот Ердоган: Република Турција е изградена над свеста на единство, заедништво, братство и солидарност
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ulusa Sesleniş 23 Nisan Çocukları 1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ulusa Sesleniş 23 Nisan Çocukları 2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ulusa Sesleniş 23 Nisan Çocukları.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа обраќање до нацијата по повод 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето во чија пригода оваа година ја славиме 100 годишнината од формирањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган истакна дека државата Република Турција е изградена над свеста на единство, заедништво, братство и солидарност.

Ердоган својот говор го започна посакувајќи им милост од Аллах и изразувајќи ја својата благодарност на основоположникот на Републиката Гази Мустафа Кемал Ататурк и сите шехиди (паднати борци) и газии (ветерани).

Тој рече: „Нашето Големо Народно Собрание кое беше отворено во главниот град Анкара, пред точно еден век, во период кога нашата татковина беше окупирана стана центар на борбата за слобода на нашиот народ и нашата држава. Државата Република Турција е изградена над свеста на единство, заедништво, братство и солидарност. 23 април е најзначајниот симбол на демократијата, националната волја и суверенитетот на народот.“ 

Претседателот Ердоган нагласи дека 23 април ја означува и вредноста којашто турскиот народ им ја дава на своите чеда и на довербата кон своите млади, а воедно им го честита и муслиманскиот месец на постот Рамазан-и Шериф на турскиот народ и на целиот исламски свет кој оваа ноќ ќе го клања својот прв намаз теравија и ќе станува за првиот сахур. 

Од друга страна, во рамките на прославата на 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето којашто поради мерките против новиот тип короавирус (Ковид-19) оваа година помина без церемонии, цела Турција точно во 21:00 часот со воодушевување ја испеа од балконите на своите куќи националната химна. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на овие моменти се приклучи заедно со група деца во емисија во живо и овој посебен настан на пеење на националната химна од балконите на куќите низ цела Турција се емитуваше во живо преку телевизиските екрани.



Слични вести