Претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со Рохани, Конте, Мбасого и Фармајо

Главна тема на разговорите беа соработката против Ковид-19, билатералните односи и регионалните случувања

1403744
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со Рохани, Конте, Мбасого и Фармајо

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството, Ердоган и Рохани разговараа за соработката против Ковид-19, билатералните односи и регионалните случувања.

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор и со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Главна тема на средбата беа соработката против Ковид-19, билатералните односи и регионалните случувања.

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор и со претседателот на Екваторска Гвинеја Теодоро Обианг Нгуема Мбасого.

Главна тема на средбата, покрај билатералните односи беше и соработката против Ковид-19.

Ердоган со ист дневен ред оствари телефонски разговор и со претседателот на Сомалија Мухамед Абдула Фармаџо.



Слични вести