Порака со честитка од претседателот на делегацијата на ЕУ Кристијан Бергер по повод 23 април

Амбасадорот Кристијан Бергер и неговата сопруга Марилена Бергер своите пораки по повод 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето со објавување и на фотографии од своето детство, ги споделија со новинската Агенција Анадолија „АА“

1404074
Порака со честитка од претседателот на делегацијата на ЕУ Кристијан Бергер по повод 23 април

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер и неговата сопруга Марилена Георгиадоу Бергер споделија фотографии од своето детство и им го честитаа на децата во Турција и светот 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Кристијан Бергер и неговата сопруга Марилена Бергер своите пораки по повод 23 Април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето со објавување и на фотографии од своето детство, ги споделија со новинската Агенција Анадолија „АА“.

Амбасадорот Бергер ја сподели својата фотографија сликана во главниот град на Австрија, Виена, кога имал 2 години, а неговата сопруга Марилена Бергер ја сподели својата фотографија сликана во Атина исто така кога имала 2 години.

Брачниот пар Бергер своите пораки ги снимија на видео во својот дом кадешто се наоѓаат во рамките на мерките за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во име на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција му честитаа на турскиот народ по повод 100 годишнината од формирањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Подвлекувајќи дека денешниот ден (23 април) им е подарен на сите деца во светот од страна на основоположникот на Републиката Мустафа Кемал Ататурк, претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер го истакна следното: „Особено во еден ваков период низ којшто поминуваме целиот свет за основата и успехот на нашата иднина треба да направи се што е во негови раце во правец на одбраната на правата, здравјето и благосостојбата на децата. Можеби не можеме да излезе надвор од нашите домови, меѓутоа тоа не може да не одврати од славење на овој значаен ден за децата во Турција и во светот. Нека е честит Денот на националниот суверенитет и Празникот на детето.“

Амбасадорот Кристијан Бергер и неговата сопруга Марилена Бергер своите пораки ги завршија со зборовите на турски „Честит 23 Април.“



Слични вести