Ердоган: „Ви го честитам 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето“

Претседателот Ердоган им ја честита 100-та годишнина од формирањето на Собранието на граѓаните

1403881
Ердоган:  „Ви го честитам 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган им го честиташе 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празникот на сите деца во Турција и светот.

По повод свеченото одбележување на 100-та годишнина од формирањето на Големото Национално Собрание на Турција (ТБММ) и 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето, претседателот Ердоган објави порака преку профилот на твитер. Ердоган во пораката истакна:

„ Ви ја честитам 100-та годишнина од формирањет на Големото Национално Собрание на Турција, 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.“

Ердоган во објавата сподеи видеоснимка на колаж од фотографии со деца и на децата им се обрати со следните зборови:

„Нема поголема среќа од насмевката на едно дете, нема поголема титула од душата на едно дете.

Вашата нсмевка е единственото нешто на овој свет кој е зацрне од војни, судири, глад и недостиг на храна. Вие сте гаранцијата на нашата иднина и надеж за подобро утре. Вие сте во позиција на предвесници на поспокоен, порадосен, поправеден, поубав свет. Бидејќи да се биде дете, значи да се биде радосен, на светот да се гледа со чисти очи и со иднината да се соочува со возбуденост. Да се биде дете подразбира цврсто прегрнување на неограничената љубов во душата. Се надевам дека сите вие во иднина ќе станете уметници, политичари, научници, учители, инженери, правници, бизнисмени или ќе се најдете на некоја друга позиција.Тогаш ќе имате можност да ги надминете недостатоците, да формирате поправеден и поубав свет за идните генерации. Ви го честитам 23-ти април, Денот на анционалниот суверенитет и Празник на детето и уште еднаш сакам да изразам голема почит на основачот на нашата република Мустафа Кемал Ататурк и неговите другари по оружје. Ви посакувам уште низа среќни убави празници на сите вас, заедно со вашите семејства, учителите, настанвниците, другарите.

Кон пораката со честитки на претседателот Ердоган се приклучи и потпретседателот Фуат Октај кој во објавата преку профилот на твитер истакна: „Искрено ви го честитам 23-ти април, Денот на националната независност и Празник на детето како и 100-та годишнина од формирањето на Големото Нацонално Собрание на Турција.“

Со почит и помен им се заблагодарувам на Гази Мустафа Кемал Ататурк и сите херои и учесници во Народноослободителната борба кои одиграа значајна улога во формирањето на Собранието.

„Драги деца, овој празник за жал не излегуваме на улица. Радоста и возбудувањето по повод 100-та годишнина од одбележувањето на празникот ги доживуваме дома. Овој празник останете со здравје и дома.“



Слични вести