Денес е 23-ти април, Ден на националниот суверенитет и Празник на детето

Свеченото одбележување ќе започне со поставување венец на гробот на Мавзолејот на Ататурк

1403856
Денес е 23-ти април, Ден на националниот суверенитет и Празник на детето

Денес во Турција се одебележува 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето и 100-та годишнина од формирањето на Големото Национално Собрание на Турција (ТББМ).

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, во рамките на манифестацијата по повод 100-та годишнина од отворањето на Собранието, на гробот на Мавзолејот на Ататурк (Аниткабир) ќе постави венец и ќе учествува на комеморацијата што ќе биде приредена во Мавзолејот и Првата зграда на Собранието.

Шентоп ќе претседава со седницата на Генералното заседание на Собранието која ќе се одржи со посебен дневен ред и ќе ги проследи огнометот, светлосното и ласерско шоу.

На манифестацијата што ќе се одржи во Мавзолејот на Ататурк, Првата зграда на Собранието и посебната седница на Генералното заседание на Собранието ќе учествуваат потпретседателот на државата Фуат Октај, претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу.

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу исто така ќе учествува на манифестациите што ќе се одржат во Мавзолејот на Ататурк и Седницата на генералното заседание на Собранието што ќе се одржи со посебен дневен ред.



Слични вести