Благодарност од Велика Британија и Русија до Турција за доставената помош во медицински материјали

Министрите за здравство на Велика Британија и Русија и се заблагодарија на Турција за доставената помош во медицински материјали

1404026
Благодарност од Велика Британија и Русија до Турција за доставената помош во медицински материјали

Министрите за здравство на Велика Британија и Русија и се заблагодарија на Турција за доставената помош во медицински материјали.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа разговараше одделно со британскиот министер за здравство Мет Ханкок преку телефон и со рускиот министер за здравство Михаил Мурашко преку видеоконференција.

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок во телефонскиот разговор ја достави својата благодарност до турската влада која во овој тежок процес и ги испрати на Велика Британија заштитните материјали од коишто има најголема потреба.

Велејќи „И доставивте многу значајна помош на Велика Британија, Турција во овој процес стана нашиот најголем снабдувач“, Ханкок нагласи дека посакуваат оваа блиска соработка да биде продолжена и во понатамошниот процес.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко во остварениот разговор преку видеоконференција исто така му се заблагодари на министерот Фахреттин Коџа за купените медицински материјали од Турција.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во двата остварени одделни разговори истакна дека целиот свет треба да биде во блиска соработка и потпомагање во овој вонреден, несекојдневен период, а воедно ги информира детално своите британски и руски колеги во врска со процесите на лекување во Турција.

Коџа во остварениот разговор со својот руски колега Мурашко истакна дека како земји кои се наоѓаат на исти простори се спремни за соработка особено по прашањето на борбата против коронавирусот и го рече следното: „Би можела да се обезбеди споделба на искуства помеѓу нашите и руските научници.“

Во остварените разговори е постигната согласност по прашањето на размена на знаења и искуства помеѓу Научниот совет за коронавирусот и британските и руските научници.

Инаку, Турција досега им има испратено поддршка во медицински материјали на 53 земји меѓу кои се наоѓаат и Италија, Шпанија, Германија, Велика Британија, Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Иран, Кина, Палестина, Сомалија, Тунис, Либија и др.



Слични вести