Во антитерористичките операции есен-зима заклучно со 15 април се неутрализирани 112 терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот есен-зима 2019-2020 година и покрај тоа што беа планирани 7.732 операции, се реализирани 7.852 операции во кои се неутрализирани 112 терористи

1403368
Во антитерористичките операции есен-зима заклучно со 15 април се неутрализирани 112 терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на операциите есен-зима заклучно со 15 април се неутрализирани 112 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството, по завршување на операциите есен-зима против терористите на ПКК внатре во границите на земјата почнувајќи од 15 април се започнати операциите пролет-лето.

Министерството кое планира во периодот пролет-лето да реализира 5.981 операција овие операции ќе ги заврши на 1 октомври, а потоа ќе продолжат и други антитерористички операции.

Со овие антитерористички операции се има за цел да се воспостави надвласта во областите коишто се користат од страна на сепаратистичко-терористичката организација, да се формираат постојани и привремени бази во овие места, да се ограничи способноста на делување и движење на терористите, за да се овозможи локалното население да ги продолжи своите активности во овие области на чело со сточарството и да се елиминираат и уништат финансиските извори коишто ги обезбедува терористичката организација од висорамнините.

Во тие рамки, во периодот есен-зима 2019-2020 година и покрај тоа што беа планирани 7.732 операции, се реализирани 7.852 операции.

Во овие операции заклучно со 15 април се неутрализирани 112 терористи. Во операциите стана шехид (загина) еден војник, 19 припадници на безбедносните сили се ранети, во 738 засолништа и пештери се запленети 333 мини/рачно изработени експлозивни направи, 274 оружја, 451 рачна бомба и 1.338 плински боци.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кој избегал од местата за засолнување во северниот дел на Сирија им се предаде на турските безбедносни сили во градот Мардин.



Слични вести