Реакција од Турција на критиките на францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан

Портпаролот на МНР Хами Аксој одговараше на едно поставено прашање во врска со критиките на францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан насочени против Турција по прашањата на Либија, Источниот Медитеран, мигрантската криза и присуството во НАТО

1402981
Реакција од Турција на критиките на францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан

Турција покажа реакција против зборовите на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со последните изјави на шефот на француската дипломатија Ле Дријан насочени против Турција, реагираше со зборовите: „Се подразбира дека тоа што додека Франција во најтешките денови не може да им ја подаде својата рака за помош на своите  европски соседи, Турција како пријател во тешки денови им отрчува на помош на овие земји, предизвикува вознемиреност кај оваа земја.“

Портпаролот Аксој одговараше писмено на едно поставено прашање во врска со критиките на Ле Дријан насочени против Турција по прашањата на Либија, Источниот Медитеран, мигрантската криза и присуството во НАТО.

Привлекувајќи внимание дека Ле Дријан во интервју за француски „Ле Монд“ поставувајќи ја на мета (целејќи кон) Турција се обидува да ја прикрие беспомошната состојба во која се наоѓа Франција во кризата во новиот тип коронавирус (Ковид-19), Хами Аксој истакна дека Франција ги поддржува терориститчките организации во Сирија и ги поттикнува (подбуцнува) силите кои се борат против легитимниот режим во Либија. 

Тој, воедно укажа на начинот на однесување на оваа земја со што ги ерозира динамиките за решение на островот Кипар, инсистира да не ги согледува (ги игнорира) правата на кипарските Турци и се обидува да спроведува санкции врз својот сојузник Турција.

 



Слични вести