Поради Ковид-19 досега се донесени во Турција околу 32.000 турски државјани од 76 земји во светот

Заменик министерот за надворешни работи Фарук Кајмакчи информира дека поради глобалната епидемија на Ковид-19 заклучно со денеска се донесени во Турција приближно 32.000 турски државјани од 72 земји во светот

1403645
Поради Ковид-19 досега се донесени во Турција околу 32.000 турски државјани од 76 земји во светот

Во рамките на преземените превентивни мерки во врска со глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега се донесени во Турција приближно 32.000 турски граѓани од 76 земји во светот.

Заменик министерот за надворешни работи Фарук Кајмакчи говореше на програмата вебинар (webinar), односно онлајн состанок-семинар на тема „Европската унија (ЕУ) и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) во процесот на Ковид-19“.

Кајмакчи информираше дека поради глобалната епидемија на Ковид-19 досега во Турција се донесени околу 32.000 турски државјани од 76 земји во светот.

Фарук Кајмакчи потсети дека уште од почетокот на кризата по инструкција на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со Ковид-19 е формиран „Центар за координација и поддршка“ на чие цело се наоѓа заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран.

Велејќи дека во рамките на силната структура којашто е формирана на чело со Јавуз Селим Киран една група е задолжена и се бави со турските државјани во странство, друга група со барањата од лекови и медицински материјали, а една друга група со проблемите со превозот (транспортот) и граничните премини, Кајмакчи нагласи дека воедно продолжува да им доставува поддршка на граѓаните и со посредство на Центарот за повици (Кол центарот) во склопот на Министерството.

Заменик министерот за надворешни работи Фарук Кајмакчи напомена дека бројот на турските државјани кои се наоѓаат во странство и сакаат да се вратат во земјата се определува со нивно обраќање до амбасадите или генералните конзулати и потоа се организираат авионски летови во соработка со Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) за нивно донесување во татковината.

Кајмакчи рече: „Ние освен тоа што ги донесовме нашите сопствени граѓани им помогнавме да се вратат во своите земји и граѓаните на другите земји кои се наоѓаат во Турција. Заклучно со денеска донесовме во Турција приближно 32.000 наши државјани од 72 земји. И од Турција заминаа во своите земји приближно 175.000 странски државјани.“



Слични вести